Иако празничните класици како „It's a Wonderful Life“ и „A Christmas Story“ се задолжителни филмови без кои не може да помине овој празничен период од годината, не треба да застанете со божиќната забава тука.
Нетфликс како и секоја така и оваа година има сè што ви треба за да направите еден божиќен филмски маратон. Ви предлагам да си направите едно убаво топло какао, да ги исклучите сите светла, освен новогодишните сијалички и да се препуштите на празничната магија.
Па ајде да видиме кои 4 филмови ви ги издвоив кои треба да ги погледнете за време на оваа празнична сезона...
1. Single All the Way
Ова е божиќен филм за Питар, кој не сака да се соочи и очајно го избегнува неговото семејство кога станува збор за неговиот вечен сингл статус.
Тој се обидува да го убеди својот најдобар пријател и цимер Ник да дојде со него и да ги поминат заедно празниците со неговото семејство, преправајќи се дека тие двајца се пар. Но, кога мајката на Питер, Керол го мести својот син на состанок на слепо со нејзиниот згоден тренер Џејмс, планот на Питер оди наопаку.
„Single All The Way“ е романтична божиќна комедија во режија на Мајкл Мајер, која идната година ќе добие и свое продолжение.
Доколку сте љубопитни да дознаете што се ќе му се случува на Питар претплатете се на Нетфликс и дознајте!
2. A Castle for Christmas
Американската авторка на најпродаваниот серијал книги "Ема Гејл", Софи Браун, решава да го заврши серијалот со тоа што го убива главниот машки лик во последната книга од серијалот. Смртта на фиктивниот лик во книгата по име Винстон, ги вознемирува обожавателите на серијалот и Софи се соочува со бес од нејзините обожаватели по објавувањето на книгата. Менаџерот на Софи, Клер, ја убедува да напише уште една книга за да го надминат овој скандал.
По ужасното ТВ интервју во шоуто на Дру Беримор каде Софи проба да ја промовира новата книга, таа прави пауза и се решава отпатува од САД и да ја посети Шкотска затоа што нејзиниот покоен татко, Калум Мекгинти, ѝ раскажувал приказни за замокот Дан Данбар кога Софи била мала. За време на посетата на замокот Данбар таа се запознава со Војводата од Данбар и од таму почнуваат да и се случуваат секакви сплетки.
Ова е филм кој навистина заслужува да му се посвети посебно внимание!
3. Love Hard
Натали е девојка од Лос Анџелес која направила кариера пишувајќи за нејзиниот ужасен љубовен живот. По низа разочарувања, една нејзина пријателка ја убедува да го прошири радиусот на пребарување на нејзината dating апликација. Ова успева и таа почнува интензивно да се препишува и слуша со еден дечко. По особено долг разговор, дечкото инсинуира дека би сакал Натали да ја види во неговиот град за Божиќ. Натали се решава да го изненади и да отпатува за Божиќ да го види својот онлајн дечко Џош, но штом пристигне во неговиот дом сфаќа дека е измамена и дека тој не личи ни приближно на дечкото од онлајн профилот.
Што се ќе и се случува понатаму на Натали ве оставам да дознаете сами 😉
4. The Princess Switch 3: Romancing the Star
Заокружувајќи ја трилогијата, The Princess Switch 3 ја следи Ванеса Хаџенс понатаму во нејзините кралски авантури во Монтенаро. Овој пат, романтичната драма додава заплет поврзан со голем грабеж. Кога Ѕвездата на мирот исчезнува, кралицата Маргарет и Стејси бараат помош од „непристојната“ братучетка на кралицата, Фиона, чија улога секако ја толкува самата Хаџенс.Фиона го повикува на помош својот долгогодишен пријател Питер Максвел кој е искусен крадец и заедно прават план како да ја украдат Ѕвездата на мирот назад.
Од сите The Princess Switch делови, овој е мојот омилен. Ванеса е толку смешна во улогата на Фиона, што навистина вреди да се погледне овој филм.
0 Comments