The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Што се случува позади кралската завеса?

Оние кои многу добро ме познаваат знаат колкав фанатик сум кога станува збор за се што е поврзано со Британското кралско семејство, па сигурно не се изненадени што баш одбрав да посветам една блог објава на оваа тема.






Ајде еден мал вовед за останатите...



Во моиве цели 28 години, имав чест и привилегија не еднаш, туку два пати да ја посетам Велика Британија.

Одсекогаш сум била фасцинирана од историјата, културата, традициите и ред други работи по кои тие се добро познати како нација низ светот.

Секако, во склоп на ова влегува и Британското кралско семејство кое одсекогаш кај мене лично побудувало некое чувство на восхит и почит.

Но, сето ова некако се промени во изминатите неколку години. Онаа мистерија која Семејството секогаш успеваше многу добро да ја одржи, кога станува збор за нивните приватни животи, полека, но сигурно почна да паѓа како една железна завеса.

Дел од убавината е во мистериозноста, во тоа постојано да се запрашуваме што се случува зад затворените врати, секогаш оставајќи не да посакуваме повеќе. Ова беше на некој начин тајното мото по кое се водеше Семејството Виндзор низ годините.





Меѓутоа, со напуштање на кралските обврски на Хари и Меган како високи членови на кралското семејство на почетокот на 2020 година, кралската двојка ненадејно прерасна во медиумска сензација, која направи огромна поделба меѓу многуте обожаватели на Британското кралско семејство.

Нивниот медиумски став исто така неизбежно се промени. Од многу малку знаење за нивниот приватен живот одеднаш во јавноста почнаа да излегуваат премногу информации.

Па, така стигнуваме до најактуелната тема поврзана со Војводата и Војвотката од Сасекс, а тоа е објавата на најновиот краток трејлер за долго очекуваниот документарец кој го направија во партнерство со стриминг платформата Нетфликс.

Еден глас ја прашува кралската двојка: „Зошто сакавте да го снимите овој документарец?

Ова дефинитивно е прашањето за милион долари кои сите фанови на кралското семејство ги мачи.

Зошто парот кој беше мета сиве овие изминати години на "злобните таблоиди", чија приватна кореспонденција незаконски беше објавена и беше подложена на бескрајни расистички и сексистички изјави онлајн, е спремно повторно да се обзнани и да го обелодени нивниот приватен живот и нивната љубовна приказна на увид пред будното око на јавноста?

„Кога влогот е толку голем, не е ли пологично да се слушне нашата приказна од нас? - вели Меган неколку моменти подоцна.





Ова се би било во ред, освен што таа и принцот Хари веќе ја споделија својата страна од приказната за тоа како изгледал нивниот живот додека биле дел од монархијата во разговор со добро познатата Опра Винфри минатата година.

Исто така, неколку недели по премиерата на документарецот на Хари и Меган овој месец, принцот Хари ќе го објави и својот мемоар насловен како "Резерва", на 10 јануари 2023 година.





„Кога медиумите ја обликуваат приказната околу тебе, навистина е убаво да можеш да ја раскажеш сопствената приказна“ - кажа Меган за The Cut.




Но колку пати и во колку форми планираат да го прават ова?




Сето ова ме наведува на еден единствен заклучок, а тоа е дека се ова е само еден обичен бизнис и коњуктура.

Сасекси имаат договор за соджина со Нетфликс, а нивната љубовна приказна е најверојатно една од најпосакуваните содржини од која би можеле да имаат најголема финансиска корист.

Сепак, има нешто многу тажно во тоа да се сочувуваат сите овие приказните под обвивка шест години само за да бидат искористени сега за јавна потрошувачка и така уште повеќе да ја изгубат нивната мистичност.

Но, во овој денешен свет каде што се е сведено на финансиски бенефит и интерес, веројатно и ова не треба да претставува некое големо изненадување.




За крај, останува да почекаме до 8ми Декември и да ја погледнеме премиерата на овој долго очекуван документарец.






0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top