Денес многумина од нас бевме сведоци на испишаното ново поглавје во светската историја.
На моменти се чувствував како да требаше да се штипнам себе си за да се осигурам дека сето ова навистина се случува внатре во најубавата Вестминстерска опатија.
Ме фати некоја тага и носталгија за Лондон, за Вестминстер...
Додека чекав пред ТВ екранот Велика Британија конечно после 70 години да го добие својот нов крал и кралица, мозокот ми вртеше еден куп спомени од времето кога за прв пат стапнав во Вестминстер и не можев да престанам да се воодушевувам на нејзината убавина и историјата која е врежана длабоко во нејзините темели.
Искрено, за момент посакав да сум таму, посакав да исчезнам од тука и веднаш да се транспортирам таму, меѓу огромната толпа луѓе и да уживам во овој ден.
Токму денес, на олтар полн со свеќи, молитви и златен сјај, Вестминстерската опатијата изгледаше како да си залутал во некоја кутија со скапоцени камења, каде владееше беспрекорен раскош.
Пред 2.300 гости, кралот Чарлс и кралицата Камила поминаа низ древните ритуали, со доза модернизам и разноликост.
Меѓу гостите имаше членови на кралското семејство и други членови на кралските семејства ширум светот, претставници од домовите на парламентот и црквата, како и истакнати политичари од Комонвелтот и пошироко.
Бројот на поканети е всушност релативно мал, имајќи предвид дека повеќе од 8.000 луѓе присуствувале на службата на кралицата во 1953 година.
Церемонијата се одржа на 6 мај - повеќе од осум месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора и непосредно пред 70-годишнината од крунисувањето на кралицата. Иако покојната кралица пристапи на тронот на 6 февруари 1952 година, таа беше официјално крунисана дури на 2 јуни 1953 година, по период на национална жалост за нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести - традиција што кралот Чарлс избра да ја следи.
Гостите почнаа да пристигнуваат во Вестминстерската опатија од 9 часот наутро, а поворката на кралот Чарлс Трети тргна од Бакингемската палата во 10:20 часот.
Церемонијата на крунисување потоа започна во 11 часот и мина без никакви проблеми.
Покрај кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, целото Велс семејство беше присутно на крунисувањето, а принцот Џорџ ја имаше честа да биде дел од церемонијата и да ја придржува наметката на кралот заедно со уште три други момчиња.
Принцезата Шарлот и принцот Луи беа исто така присутни меѓу гостите. По завршувањето на службата за крунисување, Џорџ повторно се соедини со остатокот од неговото семејство и им се придружи во црно-златна кочија за поворката за крунисување назад во Бакингемската палата која заврши точно во 01:00 часот попладне.
Војводата од Сасекс исто така беше меѓу присутните, заедно со принцезите Јуџини и Беатрис, придружувани од нивните сопрузи. Хари држеше доста низок профил, што беше и очекувано, додека војвотката од Сасекс остана дома во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет.
Кралските деца потоа ги следеа кралот и кралицата додека го изведуваа традиционалното отпоздравување на главниот балкон на собраната толпа народ пред Бакингемската палата.
Додека Чарлс и Камила и мавтаа на толпата, принцот Луи донесе момент на забава преправајќи се дека свири на имагинарно пијано 😄.
На 21 јануари, Бакингемската палата објави дека ќе има концерт по повод крунисувањето во замокот Виндзор на 7 мај, на кој ќе се соберат нови уметници и светските музички икони за да ја одбележат оваа пригода. Ним ќе им се придружи оркестар, танцови трупи, актери од А-листата и хорот од церемонијата, составен од пејачи аматери од целата земја, на кои ќе им се придружи виртуелен хор составен од вокали базирани низ Комонвелтот.
Кети Пери, Лајонел Ричи, Андреа Бочели, Фреја Рајдингс, Никол Шерцингер, Палома Фејт, Тива Севиџ, Оли Мурс и Тејк Дат се подготвени да настапат за толпа од околу 20.000 луѓе во замокот Виндзор.
Се беше спектакуларно, како уште една раскошна венчавка, со пријатели, семејства и познати лица кои си играат со своите телефони и прават селфиња за да го комеморираат овој посебен момент.
Беше ден за памтење...
0 Comments