Уште кога за прв пат ја слушнав оваа песна пред некои 2 месеци додека ја изведуваше на домашниот избор за песна во Шведска знаев дека девојкава ќе добие повторно шанса да ја претставува својата земја и дека повторно ќе и донесе победа.
Па така и бидна...
Лорин, мојата скоро па имењачка, по втор пат стана победник на Евровизија, што ја прави првата жена која 2 пати е крунисана како победничка на престижниот музички настан. Лорин претходно победи на Евровизија во Баку во 2012 година, со нејзиниот хит „Еуфорија“ кој и ја промени кариерата. Нејзината последна победа значи дека Шведска се изедначува со Ирска за најмногу победи стекнати на музичкиот натпревар. Ова е седма победа на Шведска и одбележува точно 50 години откако АББА победи со „Ватерло“ на Евровизија, каде што групата се стекна со мегапопуларноста која ја ужива до ден денес.
Шоуто се одржа во Велика Британија за прв пат по повеќе од две децении, откако земјата која беше втора минатата година се понуди да се справи со должностите да биде домаќин на Евровизија оваа година во име на победниците од 2022 година, Украина. Слоганот на настанот беше "Oбединети со музика" и целиот настан беше крајно емотивен, барем така јас го доживеав.
Многу се внимаваше на фактот Украина да виде претставена во најдобро светло со свои водители, артисти и знаменитости на градот Киев. Исто така, многу убав гест од страна на Британската влада беше тоа што беа ставени на располагање 3.000 билети по намалени цени оваа недела за раселените лица од земјата, па така арената во Ливерпул беше преплавена со украински фанови.
Да се навратам повторно на ѕвездата на вечерта, прекрасната Лорин, која за мене покажа и докажа дека едноставноставниот перформанс, искрената емоција и силиот вокал се клуч до победа на музичкиот настан.
Да, Евровизија веќе со години не е тоа што некогаш била и стана еден премногу исполитизиран настан, но сепак, стојам зад мојот став дека доколку артистот е квалитетен и ги поседува овие 3 работи кои претходно ги наведов, има сериозно јаки шанси да стигне до победа.
Јас лично обожавам да слушам музика која трае, која остава своја трага низ времето и која секогаш кога ќе ја слушнам ми прави да се чувствувам како прв пат да ја слушам и доживувам емоцијата која артистот ја искажува.
Безвременска! Тоа е Лорин за мене.
Верувам дека како што нејзиниот сингл "Еуфорија" сеуште се врти по радио станиците 11 години по нејзината прва победа и ја направи мегапопуларна ѕвезда, така ќе биде и овој пат со победничката песна - "Тетоважа".
0 Comments