The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Мистериозниот случај во Стајлс

 Не знам дали повеќето знаете, но еве ќе споделам тука со вас дека сум мега обожавател на писателката Агата Кристи - Кралицата на крими романите и секако омилен лик од нејзините дела ми е симпатичниот, заоблен, низок и мустаќест Белгиски детектив Херкул Поаро.

Низ годините имам прочитано разни Херкул Поаро мистерии и секоја ме оставала подеднакво без здив.

Па така, решив како еден вљубеник во нејзиниот Поаро серијал на книги да напишам две објави со кои ќе и одадам почит на мојата омилена писателка.





Ќе се потрудам накратко да ви насликам една слика за тоа што треба да очекувате доколку се решите да го прочитате првиот крими роман на Агата Кристи - "Мистериозниот случај во Стајлс".

Како што напоменав, "Мистериозниот случај во Стајлс" од Агата Кристи е првиот роман во кој се среќаваме со ликот на Херкул Поаро. Оваа книга е напишана пред скоро 103 години и до ден денес се чита и препрочитува низ светот и продолжува да ја фасцинира својата читателска публика. 

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш.

Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството.

Морам да признаам дека на прв поглед се сомневав во сите ликови!

За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од фамилијата: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка.





Класичниот англиски јазик на кој е напишан овој мистериозен роман го обожавам и одсекогаш ме фасцинирал тој временски период во кој и се одвива дејството во книгата.

Навистина уживав додека го читав овој роман. Воопшто не очекував дека убиецот ќе биде тој кој се испостави и многу ми се допадна како додека траеше решавањето на случајот Херкул му намнисуваше, односно индицираше на својот пријател Хејстингс, трудејќи се да го наведе да дојде до истиот заклучок на крајот.

Оваа книга е преведена и на македонски јазик и можете да ја пронајдете и купите во сите Литература продавници низ Скопје и во Битола, па дури и онлајн на нивниот вебсајт.

Доколку сте поголем љубител на ТВ сериите, отколку на читањето книги, тогаш за вас имам уште еден предлог.


Погледнете ја истоимената епизода од серијалот Agatha Christie's Poirot и доживејте ја приказната:







0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top