The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Јади, моли се, сакај!

Дојдов до онаа фаза во животот каде што сметам дека пораснав доволно за да можам да го соџвакам овој филм и книга и конечно да проговорам за истиот.

Елизабет Гилберт има се што една образована, амбициозна жена може да посака: сопруг, куќа, успешна кариера. Но, наместо да се чувствува среќна и исполнета, таа е обземена од паника, тага и збунетост.

Лиз поминува низ развод, ужасна депресија, уште една неуспешна љубов и искоренување на сето она што некогаш мислела дека треба да биде.





За да се опорави од оваа предвремена средновечна криза, Гилберт презема радикален чекор. За да си даде себе си време и простор да дознае која е навистина и што посакува, таа се ослободува од стегите, ја напушта работата и тргнува на едногодишно патување низ светот сосема сама.

Нејзината цел е да посети три места каде што би можела ужива во еден аспект од нејзината сопствена природа.





Во Рим, нејзината прва станица, таа ја проучува уметноста на задоволството, добивајќи ги дваесет и трите најсреќни килограми во животот додека ужива во прекрасна италијанска храна и учејќи да зборува италијански.





Индија, нејзината втора дестинација, е посветена на уметноста на преданоста, каде со помош на една гуру Гита и изненадувачки мудар каубој од Тексас, таа се впушта во четири непрекинати месеци духовно истражување.





На Бали, нејзината крајна дестинација, таа ја проучувала уметноста на рамнотежата, каде е приморана да научи да балансира помеѓу љубовта и медитацијата со која пробува да се спознае подобро себе си и да пронајде внатрешен мир.

Низ изминативе 10, 15 години се најдов во неколку ситуации каде што сум била приморана да отпатувам некаде сосема сама и верувајте ми ова секој пат ми носеше некој посебен вид на јасност и прочистување на умот.





Духовно патување. Потрага. Аџилак. Сите овие импулси го карактеризираат духовниит мемоар на Елизабет Гилберт: Јади, моли се, сакај - кој беше објавен во 2006 година, а по кој е и снимен истоимениот филм во 2010 година со прекрасната Џулија Робертс.





Искрено, кога прв пат имав прилика да го погледнам филмот признавам дека ми беше крајно досаден и немав сила да издржам дури ни 30 минути да го гледам.

13 години подоцна, истиот филм повторно ми се појави како дел од листата на Нетфликс, па решив да му дадам втора шанса.


Сфатив една многу битна лекција на која Лиз Гилберт проба да ме научи уште пред 13 години, а тоа е следнава: фокусирај се на она што е навистина најважно - себе си.



Да, звучи помалку себично знам, но тоа што јас го извлеков од патешествијата на Лиз беше дека пред да сакате некој друг, прво мора да се сакаме и прифатиме себе си онакви какви што сме.

Гилберт зборува за тоа што може да се случи кога ќе преземеш одговорност за сопственото задоволство и ќе престанеш да се обидуваш да живееш по пропишаните идеали на општеството.

Во текот на своето духовно патување, Лиз учи од разните жени на кои неочекувано наидува, гледајќи ги како сродни души и учителки кои и помагаат во процесот на ослободување од грижите, вината и неможноста да си ги прости грешките од минатото.





Сигурна сум дека овој филм ќе допре до секој оној од вас кој некогаш се разбудил од немилосрдната потреба да направи некаква промена во својот живот и да проба подобро да се спознае себе си, па така топло ви препорачувам да и дадете шанса на Лиз Гилберт да ве освои со своите богати авантури, искуства и по пат да ве научи на неколку битни лекции 😊.


Погледнете го трејлерот за филмот тука:





0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top