Ако некогаш си се нашол/а во период кога животот ти изгледа како да излегува од контрола, знаеш за што зборувам. Можеби тоа го доживуваш сега, се чувствуваш како секој ден да носи нов предизвик со кој не си сигурен/а како да се справиш. Верувај ми, сум го почувствувала ова многу пати, и навистина не е лесно. Но, преживувајќи го септември, тој бурен месец, научив неколку работи што ми помогнаа, и сакам да ги споделам со тебе.
Прифати дека е во ред да се мачиш
Потпри се на твоите сили
Најди мали радости во хаосот
Кога сè е тешко, лесно е да се изгубиш во стресот. Но, открив дека дури и во најтешките денови, да си одделам момент за да уживам во нешто мало, омилената песна, чаша кафе, прошетка, помага да се промени перспективата. Тоа не ги решава сите проблеми, но те потсетува дека сè уште има нешто убаво што може да се најде, дури и сред хаосот.
Побарај поддршка
Вчера, на Светскиот ден на менталното здравје, не можев а да не се потсетам на овие лекции и колку е важно да се грижиме за нашата ментална благосостојба, особено кога животот постојано ни носи неочекувани предизвици. Менталното здравје не е само да се чувствуваш добро кога сè оди како што треба, туку и да научиш како да најдеш начин да танцуваш низ бурите, кога ќе надојдат тешки времиња.
Ако и ти минуваш низ тежок период, се надевам знаеш дека тоа се е дел од животот. Тоа е се нормално и треба да веруваш дека ти си многу посилен/а отколку што мислиш. Бурите ќе надоаѓаат, но ќе дојдат и моментите на јасност, малите победи и сознанието дека преживеа уште еден ден.
Ајде да го прифатиме хаосот, да ја пронајдеме силата во себе и да продолжиме да чекориме напред, чекор по чекор. Затоа што секој тежок момент е можност да научиме нешто ново за себе, да изградиме нова верзија од себе и да бидеме уште поподготвени за секој нов предизвик што ќе дојде.
Искрено ваша,
Лори 💫
0 comments