The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Јелена Карлеуша: Дива од друга планета

На 19-ти октомври, арената „Јане Сандански“ во Скопје беше сведок на нешто посебно. Јелена Карлеуша донесе спектакл кој ќе се памети долго. Концертот беше дел од нејзината Alpha & Omega турнеја, и од самиот почеток на вечерта, беше јасно дека публиката ќе биде сведок на нешто незаборавно.

Но, она што сите ние од публиката не го знаевме беше низ што таа минувала додека настапуваше.



Во текот на концертот Alpha & Omega, атмосферата беше неверојатна, а сетлистата го вклучи најдоброто од нејзината кариера, комбинирајќи и нови и стари хитови.

Вистинска кралица, дури и кога нештата тргнуваат наопаку

Јелена го отвори концертот со својата позната песна „Karlyb*tch“, и од тој момент атмосферата беше наелектризирана. Но, додека ние уживавме во спектаклот, зад сцената се случуваа неочекувани проблеми. Еден од нејзините костими експлодирал на неа, а шлемот што го носеше и оставил сериозни повреди на челото. Нешто што мене лично ме воодушеви беше фактот дека таа продолжи да настапува без да дозволи никој да го забележи сето ова. Покрај сите овие предизвици, Јелена беше несопирлива и целосно посветена на публиката.



Низ годините многумина шпекулираа за нејзините гласовни способности и колку Јелена пее плејбек или во живо. Ќе ви кажам едно, таа жена пее, растура. Според мене, таа е еден целосен пакет, а таа вечер на 19-ти октомври на својата македонска публика и се подари целосно.

Јелена се вложи максимално во својот перформанс и барем јас не успеав во ниту еден момент да почувствувам дека нешто не е во ред во однос на сите работи кои се случувале за време на настапот на сцената. Е до толку е Карлеуша прав професионалец и си ја одработи својата задача маестрално.



Моменти кои ќе се паметат

Моментот кога Карлеуша ја изведе „Бисер Балкански“, со македонското знаме околу неа, беше еден од најемотивните моменти на вечерта. Публиката ја пееше песната заедно со неа, и во тој миг сите почувствувавме една голема гордост и силна емоција додека траеше изведбата.



Во текот на вчерашниот ден се разгори темата за тоа како Карлеуша смеела да го вее и носи на неа знамето додека била така облечена, тоа било срамота, таа била скоро па гола. Воедно исто така тема на муабет беше и тоа како ние не си го почитуваме нашето и не одиме на концерт кај нашата поп дива Калиопи, а одлучуваме да присуствуваме и испочитуваме српска пеачка.

Секако, како и секогаш не додржав, а да не го искажам своето мислење на мојот инстаграм профил со моја објава на stories каде накратко се осврнав на двете теми на муабет и воедно прокоментирав и уште една работа, а тоа е фактот што во иста вечер на 3 различни локации во градов имаше концерти на 3-ца мега популарни пеачи што резултираше со „расцепкување“ на публиката и пропуштање на изведбата на еден артист за сметка на другиот или третиот.

Тука оставам еден screenshot од моето story за да не должам многу и да објаснувам што сум пишала:



А сега од кога се осврнав на „драмата“ од вчера, време е да се навратиме на суштината на оваа објава, а секако тоа е Јелена и нејзиниот концерт.

За мене емотивниот врв на концертот се достигна кога Карлеуша ја изведе „Tihi Ubica“, посветена на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, со виртуелни водопади што течеа на екранот зад неа и кои дадоа дополнителен ефект на драма на сцената. Ова беше еден посебен момент кој ќе остане долго врежан во моето сеќавање.



Дива од друга планета

Иако ја носеше тежината на неколку повреди и проблеми со костимите, Јелена не го пропушти моментот да го подигне нивото на сценскиот настап на уште едно скалило повеќе. Нејзините зборови кои ги изјави на едно интервју по одржување на концертот во Скопје ми оставија голем впечаток: „Публиката не заслужува само да гледа некој што стои и пее. Тие заслужуваат спектакл, костими, кореографија, светски стандарди.“



И таа не само што ги исполни овие стандарди, туку ја помести границата уште повисоко.

По три часа полни со енергија, драма и емоции, си заминав од арената исполнета и восхитена. Јелена Карлеуша не само што е дива на Балканот - таа е светска ѕвезда која не натера сите да се чувствуваме како да сме биле дел од нешто големо и незаборавно.



Дали ние како публика достојно ја пречекавме и испративме не би можела конкретно да кажам. Сметам дека можевме да и пружиме многу многу повеќе љубов, почит и внимание кое вистински го заслужува.

Се надевам дека оваа ситна драма која се крена по нејзиниот концерт нема да и остави горк вкус и ќе посака повторно да ни се врати во Скопје и да ни пружи уште многу вакви спектакли.


Искрено ваша,

Лори 💫

0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top