The Lori Diaries

...by the girl who's creating her own future.

Рандом Неделна Објава: „Запознај го Џо Блек“

Недела е, крајно тмурен и депресивен ден, а јас се фатив себе си како посегнувам по далечинското, палам HBO и повторно си го пуштам еден од моите омилени филмови: Meet Joe Black.





Тоа е еден од оние филмови што секогаш ми остава различен впечаток, во зависност од тоа каде сум во животот. Овој пат се обзедов од констатацијата дека дури и Смртта, колку што е моќна и вечна, копнее по убавината на човечкото искуство.

Замислете го тоа за момент... Смртта, со сета своја мистерија, е љубоморна на нас, луѓето?

Во филмот, Смртта го зема обликот на ликот Џо Блек и влегува во светот на живите, навидум за да ја собере душата на Вилијам Периш - сопственик на гигантот Периш Комуникации кој е на раб на продажба.





Сепак, како што одминува времето и Џо навлегува се подлабоко и почнува да развива чувства, сфаќа и самиот дека не е тука само за да собере уште една душа, туку е тука и за да го вкуси она што ние го имаме. Тој сака да знае какво е чувството на љубовта, што значи да се грижиш длабоко за некого, да уживаш во храната и да доживееш вистинска поврзаност.

Зарем тоа не не прави луѓе? Минливите, кревки моменти што често ги земаме здраво за готово се токму оние на кои Смртта им завидува.

Ние претрчуваме низ животот, стресирани од рокови и обврски, често без да сфатиме дека на крајот од денот, најважни се малите, тивки моменти - оние што ни го даваат чувството на живот.

Кога Џо Блек почнува да се вљубува во Сузан, тој не е само привлечен од нејзината убавина, туку од тоа како таа го прави да се чувствува. Чувството на вљубеност е она што го прави љубопитен, чувство кое тој, како Смрт, никогаш не може целосно да го поседува.





Мислам дека тоа е причината што ме навраќа да го гледам овој филм одново и одново. Ме потсетува дека треба понекогаш да забавиме и да живееме целосно во сегашниот момент.

Ако дури и Смртта сака да го искуси животот како нас, зарем не треба малку повеќе да го цениме она што го имаме? Животот е минлив, но токму во таа минливост лежи магијата.

Meet Joe Black е потсетник дека треба да уживаме во секоја секунда - во врските, љубовта, малите моменти што на прв поглед изгледаат незначајни. Тие се токму работите што не прават луѓе, работите што дури ни Смртта не може да ги поседува.


Искрено ваша,

Лори 💫

0 Comments

Contact Form (Do not remove it)

back to top