БлогМас ден 3: Budget-friendly патување до Салцбург

Патувањето во Салцбург беше прекрасно искуство, особено кога имаш некој како мојата пријателка Зорица, која беше главниот виновник што воопшто отидовме на ова патување.





Од резервации на летови до навигација низ градот, се се одвиваше беспрекорно кога имаш некој како неа на кој можев да се потпрам додека јас буквално тонев во обврски изминативе месеци и немав слободно време за ништо. Еве како таа го организираше ова наше заедничко патување.



Резервација на лет


Јас и Зорица патувавме до Салцбург со WizzAir од Скопје, купувајќи повратен билет за само 3.700 денари по лице. Таа го пронајде овој поволен лет и предложи да резервираме на време за да ја обезбедиме оваа ниска цена. Летот беше брз и удобен, совршен почеток за нашата авантура.





Сместување: Престој во Lehenerhof


За нашиот престој, го одбравме Lehenerhof, шармантен хотел што Зорица го најде на Booking.com. Вкупната цена за три ноќевања беше 383 евра, што поделено на пола секоја од нас не чинеше по 191.5 евра, правејќи го многу пристапен престојот во Салцбург. Хотелот беше удобен, чист и идеално лоциран, нудејќи ни релаксација по нашите целодневни активности.







Од аеродромот во Салцбург до Lehenerhof


Зорица исто така помогна со навигацијата од аеродромот до хотелот. Го користевме автобусот на линија 2, кој оди директно до Lehenerhof. Возењето траеше околу 30 минути, а автобусот не остави на станицата, каде со само неколку чекори пешачење стигнавме до хотелот.

Секое возење со автобус чинеше 3 евра за саат време, а билетите ги купувавме директно од возачот.

За наша среќа, автобусите во Салцбург се познати по нивната точност, и нашиот пристигна точно на време. Директната рута беше големо олеснување по летот, правејќи го патувањето без стрес.




Вкупни трошоци за резервирање на патувањето


Еве краток преглед на трошоците за основните работи:

Повратен лет со WizzAir: 3.700 денари (~60 евра)

Сместување (Lehenerhof, 3 ноќевања): 383 евра (поделено помеѓу нас 191.5 евра)

Јавен превоз (од аеродромот до хотел и назад): 6 евра










Со помош на Зорица и нејзините брилијантни способности за изнаоѓање на добра зделка, успеа да ја направи оваа дестинација (која инаку е скапа за престој) , budget-friendly. Мојот дел за основните трошоци беше приближно 258 евра, што го прави ова патување многу пристапно.

Патувањето со Зорица го направи целото искуство уште подобро. Од нејзината способност да најде одлични понуди до помагање со навигацијата, имањето патничка која исто толку сака да истражува како мене е од огромно значење.

Шармот и достапноста на Салцбург го направија ова патување незаборавно, и би го препорачала на секој што бара комбинација од култура, историја и празнична атмосфера.

Ако планирате патување во Салцбург, се надевам дека овој краток водич ќе ви помогне со основните информации. Следете ме за повеќе БлогМас објави каде што ќе споделам за тоа што се истраживме и уживавме во овој магичен град!

Искрено ваша, 

Лори 🎄

0 comments