Блогмас ден 11: Седумгодишна љубовна приказна со Catrice HD Liquid Coverage Foundation

Во последните седум години, Catrice HD Liquid Coverage Foundation е мојот незаменлив козметички сојузник. Нејзините извонредни перформанси и пристапната цена ме натераа да останам верна, и покрај постојано променливата козметичка индустрија.




Зошто ја засакав оваа пудра

Од првиот момент кога ја нанесов, оваа пудра ме освои со своите квалитети:

Лесна текстура: Ултра-лесната течна формула се чувствува како втора кожа и обезбедува удобност на лицето во текот на целиот ден.

Висока покривност: Совршено ги покрива несовршеностите и остава природен мат финиш без ефект на "маска".

Долготрајност: Обезбедува издржливост до 24 часа. Да, добро прочитавте и да тестирано ми е ова. Не прашувајте како, само верувајте ми на зборот.

Пристапна цена: Со цена од околу 500 денари, нуди врвен квалитет кој не го оптоварува вашиот буџет.




Пакување и нанесување

Шишенцето од оваа пудра изгледа толку луксузно што тешко може да се поверува дека не е high-end производ.

Шишето е направено од мат стакло, кое му дава елегантен и скап изглед. Покрај тоа, тежината на шишето додава на премиум чувството. Капалката е уште еден паметен детаљ кој овозможува хигиенско и прецизно дозирање, што овозможува користење на точно онолку производ колку што ви треба.



За нанесување, јас лично користам сунѓер за блендирање, нанесувајќи само една полна капка со капкалката за целото лице. Оваа количина е сосема доволна за постигнување изедначен и природен изглед.


Нијанса и прилагодување на тенот

Јас ја користам нијансата 010 Light Beige, која совршено одговара на мојот тен. Ова е четвртата најсветла нијанса во палетата и е вистински погодок за мене.



Во минатото, овој производ имаше ограничена палета на нијанси, што беше предизвик за многу луѓе да си ја најдат својата нијанса. За среќа, Catrice ја прошири палетата на нијанси, правејќи ја подостапна за различни тонови на кожа.


Што ветува производот?

Според описот на производот, оваа пудра ветува:

- Лесна и немрсна текстура што се чувствува како втора кожа

- Долготрајна целосна покривност без ефект на "маска" и создава рамномерен тен

- HD финиш кој ја прави кожата подготвена за камера

Секако, оваа пудра е дерматолошки тестирана за безбедност и толеранција на кожата.

Внимавајте, пред да почнете со употреба, добро протресете ја за да имате подобар ефект.



За најдобар ефект, еве неколку совети кои ги научив низ годините:

1. Подгответе ја кожата: Хидрирајте ја и нанесете база (прајмер) за да создадете мазна подлога.

2. Користете мала количина: Една полна капка е доволна, бидејќи пудрата е високо концентрирана.

3. Работете брзо: Пудрата се суши брзо, па затоа треба да ја блендате веднаш по нанесувањето.

4. Избегнувајте фиксирање со пудра во прав: Пудрата во прав може да изгледа тешко врз оваа пудра и да ја исуши вашата кожа. Наместо тоа, користете фиксирачки спреј за свеж изглед.


Текстура, покривност и издржливост

Текстурата е течна и тенка, што овозможува полесна контрола и лесно градење на покривноста до посакуваното ниво. Покривноста започнува како средна, но лесно може да се гради до full coverage со нанесување дополнителен слој.

Пудрата се суши брзо, па мора да се работи брзо. Сепак, штом се нанесе, резултатот е мазна кожа и мат финиш што изгледа беспрекорно.




Мои генерални впечатоци

После седум години верност, можам со сигурност да кажам дека Catrice HD Liquid Coverage Foundation е една од најдобрите пудри што некогаш сум ја користела. И по сето ова време, се уште не чувствувам потреба да ја сменам.

Ја обожавам нејзината лесна текстура, градливата покривност и издржливост. Тоа е производ кој секогаш ќе го имам во својата козметичка торба.

Ако барате пудра што е лесна, ефективна и не го надминува вашиот буџет, оваа пудра е вредна за проба.

💸 Цена: ~ 500 денари
⭐ Оценка: 9/10 ( давам 9 само поради фактот што нема сеуште доволно нијанси за секој да може да ја проба и користи ).

Дали би ја купила повторно? Апсолутно да!

Доколку имате прашања или сте ја пробале оваа пудра, споделете ги вашите впечатоци во коментарите подолу. Би сакала да слушнам како ви се допаднала! 😊

Тоа беше се за овој БлогМас ден 11!

Искрено ваша,

Лори 🎄✨️

0 comments