Моето REDO Gummies искуство

Се започна на почетокот на декември минатата година, кога конечно ги нарачав REDO Hair, Skin & Nails Vitamin Gummies. Но, пред да го направам тој чекор, направив свое истражување – сакав да знам се! Прочитав што содржат, кои се нивните придобивки и прегледав многу рецензии од корисници што веќе ги користат.




Првите впечатоци беа одлични – сите споделуваа позитивни резултати. Па, си помислив: „Зошто да не им дадам шанса и јас?“ И еве ме сега – со последните две гумени бонбони во шишенцето и желба веднаш да го нарачам следното додека ви го пишувам ова!


Што ги прави REDO гумените бонбони толку посебни?

Во текот на истражувањето, дознав дека овие гумени бонбони се полни со хранливи состојки кои му помагаат на телото одвнатре:

- Биотин (Витамин Б7): Заштитникот на косата и ноктите.

- Цинк: Го намалува воспалението и помага за чиста и здрава кожа.

- Фолна киселина: Ја поттикнува обновата на клетките и дава свежина на кожата.






А најдоброто од се – овие гумени бонбони се:

- 100% вегански;

- со низок процент на шеќер;

- без глутен, желатин, вештачки бои и ароми.




Како се користат REDO гумените бонбони?

Нема полесно – само две гумени бонбони на ден. Еве ги сите детали:

- Дневна доза: 2 гумени бонбони (јас ги земав наутро пред појадок).

- Траење: Едно шишенце содржи 60 гумени бонбони – доволно за 30 дена.

- Резултати: Најдобрите резултати се забележуваат по редовна употреба од најмалку 4 недели.




И верувајте ми – со нивниот вкусен овошен вкус, нема никогаш да заборавите да ги консумирате секојдневно!


Какви се моите резултати после само еден месец?

- Косата: По првата недела, косата престана да ми паѓа кога ќе поминам низ неа со прсти - дали едвај едно влакно ќе паднеше кога ќе го сторев ова. Во втората недела забележав дека косата ми стана поблескава и се мастеше многу помалку. По третата недела, косата почна да биде погуста, а забележав и нови „бебешки“ влакненца кои се појавуваа!

- Ноктите: Веќе ми се природно силни, но сега се неуништливи – можам подолго време да ги носам долги, без да ми се скршат и исто така на допир се појаки од вообичаено што ми биле.

- Кожата: Лицето ми се освежи и доби некој вид подмладување! Барем така јас забележав. Не гледам повеќе неочекувани мозолчиња кога ќе ја извадам шминката од мене, а тоа ме прави посамоуверена да се шетам без шминка што почесто. Лицето ми изгледа поодморно и свежо.








Зошто се решив да ги порачам?

Во истражувањето ме убедија сите позитивни искуства на корисниците. Некои споделуваа фотографии од нивниот напредок, а други ја опишуваа промената во нивната самодоверба. Тоа беше клучниот момент кога решив дека вреди да ги пробам. И не згрешив!


Каде и како да ги набавите REDO гумените бонбони?

Едноставно е, посетете ја официјалната страница на REDO овде, прочитајте се за нив и нарачајте си ги. Едно шишенце ќе ве чини 1060 ден. плус 130 ден. поштарина. Не нудат можност за плаќање со картичка, само со кеш може да платите при подигање на нарачката од курирот.




Ова беа моите искрени впечатоци за тоа колку можат да направат разлика овие мали гумени бонбони. Ако се борите со слаба коса, кршливи нокти или проблематична кожа, топло ви препорачувам да ги пробате.




Понекогаш, најмалите промени – како две гумени бонбони дневно – можат да донесат најголема трансформација.

Додека ја привршувам оваа објава, веќе го нарачав моето следно шишенце и со нетрпение чекам да видам што ќе донесе следниот месец по консумирање на второто шишенце.

Споделете ми ако и вие решите да ги пробате – би сакала да ги прочитам вашите впечатоци!


Искрено ваша,

Лори ✍️


* објавата не е спонзорирана, сите впечатоци се лично мои.

0 comments