Не почувствував ништо.
Ниту празнина или тага, туку само тишина и спокој. Чувство на завршеток ме обви, нежно но сигурно. Универзумот ми прошепоти: „Ова е последениот пат.“
Личноста што стоеше пред мене веќе не беше онаа верзија што ја имав зачувано некаде длабоко во моите сеќавања. А и јас, исто така, не бев истата. Времето не однесе во различни насоки, брусејќи не во луѓе кои веќе не припаѓаат во истата приказна. Чудно беше, да го сфатам тоа толку лесно. Без драматични збогувања, без копнежливи погледи, без неизречени зборови кои висат во воздухот, само мирно прифаќање дека ова поглавје се затвора и дека јас, конечно, сум во ред со тоа.
Долго време верував дека одредени луѓе оставаат траен белег, дека нивното присуство, или отсуство, секогаш ќе буди нешто во мене. Но, тој ден, научив дека некои луѓе доаѓаат во нашиот живот за да не научат нешто, и кога нивниот час е завршен, тие исчезнуваат без врева. И тоа е во ред.
Заминувам без да се свртам, не затоа што не ми е грижа, туку затоа што за првпат навистина разбирам дека некои приказни треба да завршат. И во тоа лежи убавината.
Искрено ваша,
Лори ✍️
0 comments