Дали некогаш сте посакале место каде што можете да пазарите без да ги вртите пакувањата на сите производи во потрага по несакани состојки?
Дали сте веган, вегетаријанец, постите или едноставно сакате да го збогатите својот начин на исхрана со етички и здрави производи?
Ако одговорот е „да“, тогаш имам одлична вест за вас – Вида Верде е тука!
Ова уникатно катче во Скопје не е обичен маркет, туку вистински рај за сите кои внимаваат што ставаат на својата трпеза. Основано со љубов и визија, Вида Верде е мал бизнис со голема мисија: да овозможи лесен пристап до вегански производи во Македонија.
А најубавиот дел? Зад овој прекрасен проект стои мојата драга Маги Михајловска – девојка која ја запознав преку Инстаграм следејќи ги нејзините вегански рецепти кои редовно ги објавуваше, а низ времето толку многу се поврзавме што станавме блиски пријателки.
Обожавам да гледам како таа е целосно посветена на својот бизнис и ми претставува секојдневна инспирација кога ќе видам како со огромна љубов го гради Вида Верде, се со цел да го направи веганскиот начин на живот подостапен за сите.
Што го прави Вида Верде посебен?
✅ 100% вегански производи – Заборавете на долгите проверки на декларации, тука сè е без животински состојки!
✅ Идеален избор за сите што постат – Совршено време за посета, бидејќи утре започнува големиот Велигденски пост.
✅ Простор со поразличен концепт – Мини маркет кој не личи на останатите, со топла и пријатна атмосфера.
✅ Погоден и за вегетаријанци – За сите кои сакаат здрави и етички алтернативи во исхраната.
Со оглед на големиот интерес, наскоро се очекува и достава преку Волт, што ќе го направи пазарењето од Вида Верде уште поедноставно!
Поддржете ја оваа прекрасна иницијатива и помогнете во развојот на локалната веганска сцена – посетете ја Вида Верде и откријте нови омилени производи!
📍 Локација: Максим Горки 8/8, Скопје
📲 Следете ги на Instagram: @vidaverde.mk
Кој е вашиот омилен вегански производ? Споделете во коментарите! 🌿💚
Искрено ваша.
Лори ✍
0 comments